Свет

Продолжуваат борбите на фронтот во Украина

13.05.2026 09:52

Киев предупредува на можен нов руски напад, додека продолжуваат гранатирањата по истекот на примирјето. Украинските сили возвратија со напади врз цели во Краснодарскиот регион, а во Москва избувна пожар во туристички комплекс.

Крајот на војната во Украина е многу близу-тврди Трамп додавајќи дека нема договор со Путин Русија да го задржи Донбас во евентуален мировен договор.

„Крајот на војната во Украина, навистина мислам дека е многу близу“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Киев предупредува на можен нов руски напад, додека продолжуваат гранатирањата по истекот на примирјето. Украинските сили возвратија со напади врз цели во Краснодарскиот регион, а во Москва избувна пожар во туристички комплекс.

„Украина кажа дека ќе делуваме со огледална реакција на Русија. Повторно имаше напади, затоа одговараме, но продолжуваме да работиме со нашите партнери за да притиснеме кон дипломатија и мир“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Путин соопшти дека Русија успешно тестирала интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, оценувајќи ја како значително посилна од западни еквиваленти.

„Вкупната моќност на испорачаната боева глава ја надминува онаа на кој било постоечки најмоќен западен еквивалент за повеќе од четири пати“, нагласи претседателот на Русија, Владимир Путин.