Скопје
Заловен волк во Козле, бил чуван како домашен миленик
13.05.2026 08:32
Од Зоолошката градина информираат дека волкот е сместен во карантин и е под постојан здравствен надзор.
Волк кој бил чуван како домашен миленик синоќа бил забележан во скопската населба Козле. По пријава од граѓани, интервенирале полицијата, екипи од Зоолошката градина Скопје и претставници на Град Скопје, по што животното било безбедно заловено и пренесено во ЗОО Скопје.
Од Зоолошката градина информираат дека волкот е сместен во карантин и е под постојан здравствен надзор. Посочуваат дека станува збор за питомо и мирно животно, но потсетуваат дека чувањето диви животни како домашни миленици е забрането и опасно.
Од ЗОО Скопје апелираат граѓаните да пријавуваат случаи на нелегално чување диви животни до надлежните институции.
