Државата инвестира во поквалитетни здравствени услуги
Лекарите најавуваат пренесување на стекнатите искуства од Нирнберг, Љубљана, Загреб и Белград во домашните клинички центри. Министерот за здравство Тодоров, најавува нови специјализации – во Турција.

Гинекологија, дигестивна хирургија, кардиологија се дел од 19 специјализации кои во странство ќе ги посетуваат домашни лекари по општа медицина со редовен работен однос во јавните здравствени установи во земјава.
„Одењето во Загреб за дел од нас, докторите, е одлична шанса, да бидеме дел од еден центар, кој е со најдолга традиција во овој регион, еден од најдобрите трансплантациони центри.“
„Јас заминувам на специјализацијата по анестезиологија, реанимација и интензивно лекување, во времетраење од 5 години. Таа ќе се изведува целосно на клиниката во Нирнберг“, велат докторите кои ќе заминат на специјализација.
Лекарите најавуваат пренесување на стекнатите искуства од Нирнберг, Љубљана, Загреб и Белград во домашните клинички центри. Министерот за здравство Тодоров, најавува нови специјализации – во Турција.
„Вкупно 25 лица, доктори од Македонија се упатени на специјализација или субспецијализација во странство, оваа година. Она што ние како ветување го имаме дадено во програмата на владата ни е 70 специјализации во период од 4 години. Со оваа динамика, веројатно, оваа бројка сериозно ќе ја надминеме“, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.
Доусовршувањето останува во фокусот. За учебната 2013/2014 година обезбедени се дури 362 специјализации.
Лука Андреев
