Одбрана

Лафчиски во официјална посета на Албанија, потврдена заложбата за унапредување на воената соработка

13.05.2026 10:34

Од Армијата информираат дека билатералната соработка меѓу двете земји е особено развиена во областа на военото образование, обуката и вежбите, како и во рамки на НАТО, Јадранската повелба и регионалните безбедносни иницијативи.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, за време на официјалната посета на Вооружените сили на Република Албанија, остварил средби со највисоки државни и воени претставници во Тирана, на кои била потврдена заложбата за континуирано унапредување на билатералната воена соработка.

Во рамки на посетата, Лафчиски се сретнал со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, при што се разговарало за безбедносната состојба во регионот, сојузничката соработка и актуелните предизвици во современото безбедносно опкружување.

На средбите со началникот на Генералштабот на албанските Вооружени сили, генерал-потполковник Арбен Кинџи, и со министерот за одбрана Ермал Нуфи, било разговарано за заеднички обуки и вежби, учество во меѓународни операции, како и за соработката при справување со безбедносни и кризини предизвици.

Од Армијата информираат дека билатералната соработка меѓу двете земји е особено развиена во областа на военото образование, обуката и вежбите, како и во рамки на НАТО, Јадранската повелба и регионалните безбедносни иницијативи.

Армиската делегација го посетила и Полкот за специјални операции на албанските Вооружени сили, каде била запознаена со нивните способности и оперативни капацитети.