МВР

Ексминистерот Николовски повикан на информативен разговор во полиција, тврди дека се работи за монтиран случај

13.05.2026 12:43

Не наведувајќи ги причините, од МВР посочија дека тој бил повикан во единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по наредба на Обвинителството...

Ексминистерот за земјоделство Љупчо Николовски на седми месецов бил повикан на разговор во полиција. Не наведувајќи ги причините, од МВР посочија дека тој бил повикан во единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по наредба на Обвинителството. На социјалните мрежи пратеникот и поранешен министер за земјоделство Николовски напиша дека не станувало збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци.

Според него, ова било монтиран случај, кој требало да го оттргне вниманието од вистински прашања.