Салмонд си поднесе оставка по поразот на референдумот
Првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд и лидер на сепаратистичката шкотска национална партија (СНП), кој беше предводник на отцепувањето доцна попладневно си поднесе оставка.
Оставката прво ја соопшти неговата партија, затоа што тој се повлекува и од функцијата лидер на СНП, а потоа ја потврди и тој самиот на специјално одржана прес-конференција.

Соопштувајќи го заминувањето од врвот на шкотската политика, Салмонд рече дека оставката ја поднесува поради поразот на референдумот за независност. Тој рече дека по заминувањето од двете функции, ќе остане во политиката само како член на шкотскиот Парламент.