Свет

Франција забрани истоварување на патници од британскиот крузер „Амбишн“

14.05.2026 09:09

Француските власти ставија во изолација над 1.700 патници на крузерот „Амбишн“ во пристаништето Бордо, откако еден патник починал, а десетици други пријавиле симптоми на акутна дигестивна инфекција.

Француските власти ставија во изолација над 1.700 патници на крузерот „Амбишн“ во пристаништето Бордо, откако еден патник починал, а десетици други пријавиле симптоми на развиле гастроентеритис.

Според локалните здравствени служби, околу 50 лица развиле симптоми на акутна дигестивна инфекција и веднаш биле изолирани во своите кабини под медицински надзор. Британскиот крузер тргнал од Шкотска и претходно застанал во Белфаст и Ливерпул, а локалните власти го прекинале слегувањето на патниците и започнале истрага со земање примероци.

Дел од патниците без симптоми добиле дозвола да го напуштат бродот, додека лабораториските анализи продолжуваат и засега не е исклучена можноста за труење со храна.