Советот за безбедност на ОН бара глобален одговор против ИДИЛ

20.09.2014 11:16

Во изјавата одобрена од 15-члениот Совет на состанокот, со кој претседаваше американскиот државен секретар Џон Кери, се изразува длабоката загриженост поради убиствата, силувањата и измачувањата на цивили во Ирак и на други места од страна на вооружените борци...

Советот за безбедност на Обединетите нации ја повика меѓународната заедница за ја зајакне и прошири поддршката за ирачката Влада во борбата против вооружените борци од групацијата „Исламска држава“. 
 
Во изјавата одобрена од 15-члениот Совет на состанокот, со кој претседаваше американскиот државен секретар Џон Кери, се изразува длабоката загриженост поради убиствата, силувањата и измачувањата на цивили во Ирак и на други места од страна на вооружените борци. 
 
Во документот се наведува дека сите виновници треба да бидат изведени пред суд, бидејќи некои од тие операции претставуваат воени злосторства или злосторства против човештвото. 
 
Меѓународната антитерористичка операција против групацијата ИД треба да се спроведе или со согласност на владите на државите или со санкции на Советот за безбедност, изјави вчера постојаниот претставник на Русија во СБ, Виталија Чуркин. 
 
Тој истакна дека Русија ќе ги смета „другите варијатни како незаконски и штетни за меѓународната и регионалната стабилност“.