Николоски: Доброто планирање е клучно за реализација на капиталните инвестиции
Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75% од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат.

Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75% од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот Николоски.
“ Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75% реализација, што е резултат на едно добро планирање што го направивме минатата година. Ако ме прашувате за следна година и за следната година очекувам иста да е состојбата во првите месеци. Доколку има простор во буџетот, ние со тимот во Министерството сме подготвени да консумираме поголем буџет доколку има простор“-изјави вицепремиерот Николоски.
