Претрес во Кавадарци: Пронајдена дрога, приведен 32-годишник
При претрес во домот во кој престојувал, а кој бил извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, зелена течна материја и дигитална вага.
Во полициска акција во Кавадарци, приведено е едно лице откако при претрес во дом биле пронајдени дрога и други предмети поврзани со недозволена трговија.
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци, на 13 мај околу 17 часот, го лишиле од слобода Ј.А. (32) од Кавадарци. При претрес во домот во кој престојувал, а кој бил извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, зелена течна материја и дигитална вага.
Лицето било приведено во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
