МВР
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
14.05.2026 13:42
Вчера во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(35) од Охрид...

Вчера во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(35) од Охрид, соопштија од МВР.
При претрес во неговиот дом во Охрид и во неговото возило, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
