Интеграција на Западен Балкан

23.12.2013 12:16

Сите земји од Западен Балкан треба да ги исполнат критериумите за влез во Европската унија. Но неприфатливо е Грција во спорот што го има со Скопје да се служи со уцена. Сметам дека треба да извршиме притисок и врз Атина за да придонесе за рационално решение на спорот, изјави за „Слободна Европа“ Андреас Шокенхоф, заменик-претседател на Христијанско-демократската партија во германскиот Бундестаг. Целта на Германија е интеграција на сите земји од Западен Балкан, но тоа нема да се случи групно, секој треба да преговара и да ги заслужи европските стандарди.

Сите земји од Западен Балкан треба да ги исполнат критериумите за влез во Европската унија. Но неприфатливо е Грција во спорот што го има со Скопје да се служи со уцена. Сметам дека треба да извршиме притисок и врз Атина за да придонесе за рационално решение на спорот, изјави за „Слободна Европа“ Андреас Шокенхоф, заменик-претседател на Христијанско-демократската партија во германскиот Бундестаг. Целта на Германија е интеграција на сите земји од Западен Балкан, но тоа нема да се случи групно, секој треба да преговара и да ги заслужи европските стандарди. Македонија се соочува со проблем на блокада од страна на Грција, но ситуацијата со Босна и Херцеговина е потешка и таа е најслабата земја, додава Шокенхоф.