Бизнисот и експертите бараат внимателни економски мерки
Економските политики треба внимателно да ги следат движењата на енергетските пазари, оценуваат експертите. Компаниите предупредуваат дека долгите кризи оставиле последици и бараат фискално одржливи мерки и стабилност.

Економските политики треба внимателно да го следат развојот на енергетските пазари. Во случај на ценовни осцилации, интервенциите треба да бидат временски ограничени, но фискално одржливи.
Променливата цена на горивата отвора простор за раст на инфлацијата, со ризик од евентуални поскапувања, особено кај храната поради зголемените енергенси. Барем засега, цените се стабилни-согласна е универзитетската фела.
Експертската фела е загрижена за состојбата на Блискиот Исток. Велат, без развој и иновации, економијата нема да се развива. Фокус мора да се стави на младите претприемачи.
Инвестициите, особено инфраструктурните, придонесуваат за поголем економски раст, е ставот на бизнис-еснафот.
Бизнисот со апел, кризите ги исцрпија фирмите, неизвесноста постои, бизнисот бара од државата цврсто да ја држи ситуацијата под контрола, за да не ескалира
Како последно, според Државниот завод за статистика, инфлацијата во април на годишно ниво изнесува околу 5,7%, додека месечното зголемување е 1,3%.
Борис Грујоски
