Иванов во работна посета на САД

20.09.2014 13:07

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на 26-ти септември ќе има обраќање пред Генералното собрание на ОН, во рамки на годишната конференција на меѓународната организација.
 
Денеска претседателот Иванов пристигнува во Њујорк, на 22-ри септември ќе се сретне со нашите иселеници во Њу Џерси, потоа ќе учествува на конференцијата за климатски промени и ќе има предавање на престижниот „Јеил“ универзитет.
 
Во делегацијата, предводена од претседателот, се и министерот за надворешни работи Никола Попоски, македонскиот амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски и нашиот амбасадор во ОН, Васко Андоновски.