Малцински избори во Србија

Македонците се соочуваат со можност да немаат свој национален совет во Србија

20.09.2014 13:15

Ова е проблематичен изборен модел, според кој најдобра заштита имаат само тие што живеат во одредени малцински центри-оценува експерти за малцински права...

Србија на 26 октомври распиша избори за националните совети на малцинствата, но за македонците постои опасност по прв пат да не изберат национален совет. Бидејќи имаат недоволен број пријавени гласачи во избирачкиот список, ќе имаат комплициран посреден изборен модел.

За да можат да гласаат македонците мораат во општина да се изјаснат како малцинство, па потоа да се одлучат за одреден електор, па потоа повторно во општина да го верификуваат како електор, кој потоа треба пред државните органи да докаже дека има најмалку 50 гласачи, за да може на изборите да гласа за Национален совет. Оваа процедура на многумина не им е јасна.

Ова е проблематичен изборен модел, според кој најдобра заштита имаат само тие што живеат во одредени малцински центри-оценува експерти за малцински права.

Мала група Македонци која живее во Јабука може да оствари значаен дел на нивните признати права, но македонците од Белград, кои ги има пет пати повеќе од Јабука, неможат да ги остварат тие права, како и другите припадници на малцинствата кои се дисперзирани, од причина што овој закон и овие избори и самите национални совети во суштина заговараат еден територијализиран принцип на заштита на националните малцинства и на културната автономија.Тоа е основната слабост на овој изборен модел“, вели д-р Горан Гашиќ, Центар за истражување на етницитети.

Моделот може да биде погубен, стравуваат во Советот на македонското малцинство во Србија.

„Припадниците на националните малцинства не се доволно известени за самата постапка и се соочуваме со можноста со уште некои малцинства по прв пат да не успееме да избереме национален совет“, вели Борче Величковски, претседател на Националниот совет на македонскот малцинство во Србија.

Националните совети се уставна институција, преку која малцинствата во Србија ги остваруваат правата во областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот.

 

Оливер Бранковиќ