Недела на женското здравје

Падот на наталитетот- аларм за поголема грижа за женското здравје

15.05.2026 18:07

Превенцијата спасува живот. Грижата за сопственото здравје, посебно кај помладата женска популација не треба да претставува страв, туку зрелост и одговорност. Се одбележува Неделата на женското здравје. Статистиката, пак, вели дека Македонија бележи значителен пад од дури 30 насто на наталитетот.

Пад на наталитетот за 30 проценти за една деценија, не е само бројка, туку аларм за поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје, реагира професорката Џикова.

Жените мора да се одговорни кон своето здравје во сите фази од нивниот живот, гинеколози има, но нема навика да се појде на лекар, кога ништо не нè боли.

Одговорноста на жените кон своето здравје е мала, опфатот со бесплатни прегледи незадоволителен, само 32 проценти, наместо потребниот од 75 проценти.

Наташа Јанчиќ- Менковски