МОН

Казни од 250 евра за родителите на насилни ученици – најавени измени во законот

15.05.2026 17:52

Врсничкото насилство ќе го празни семејниот буџет. 250 евра казна за родителите на децата насилници и за оние кои одбиваат соработка со училиштето и надлежните институции, предвидуваат законските измени. Од МОН најавија летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан...

Врсничкото насилство ќе го празни семејниот буџет. 250 евра казна за родителите на децата насилници и за оние кои одбиваат соработка со училиштето и надлежните институции, предвидуваат законските измени. Министерката Јаневска рече дека државниот секретар е во постојан контакт со пратениците, а предлозите се во завршна фаза.

Од МОН најавија летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан. Домаќин ќе биде универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, а фокусот ќе биде ставен на проценка на загадувањето на водата, воздухот и почвата.

Летната школа ќе се одржи од 14 до 18 септември. Може да се пријават за учество младите научници и истражувачи од Македонија, студентите на втор и трет циклус студии, како и надарените студенти на додипломски студии.

Можноста за пријавување на учесниците е до 25 мај. Досега има пријавено 31 учесник од земјава и од земјите од Западен Балкан.

Ана Јосифоска