Мицкоски: Оптимисти сме дека ќе ги испорачаме сите реформи до јуни
До јуни Владата ќе ги испорача сите 10 точки од реформската агенда, тврди премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставниците на Европската комисија. Побара опозицијата да не го кочи процесот. Социјалдемократите тврдат дека тие не ги стопираат реформите туку тоа било пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ...

До јуни Владата ќе ги испорача сите 10 точки од реформската агенда, тврди премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставниците на Европската комисија. Побара опозицијата да не го кочи процесот и да се врати во работната група за да се изработат измените на изборниот законик, кој се дел од реформите кои ги бара Брисел, а за кои треба консензус во парламентот.
СДСМ одбројува. Уште 16 дена до истекот на рокот до кога предвидуваат дека премиерот Мицкоски нема да го исполни ветеното и дека намерно се блокира европскиот пат на Македонија. Социјалдемократите тврдат дека тие не ги стопираат реформите туку тоа било пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ го одби повикот на шефот на дипломатијата кој побара од нив конструктивност за клучните реформски закони, и повторно побараа да се спроведат уставните измени.
Викторија Милевска
