40 години сценско творештво на Живојин Трајановиќ
Во уметничката галерија во Куманово поставени се 100- тина скици од различни тетараски, оперски и балетски претстави кои го одбележале неговото 40 годишно творештво...

Сценската поставка е првичниот контакт на публиката со претствата, таа ги руши јазичните бариери и го воведува гледачот во приказната. За сценографот Живојин Трајановиќ ова била водечката идеја да го посвети целиот својот живот на сценското творештво. Во уметничката галерија во Куманово поставени се 100- тина скици од различни тетараски, оперски и балетски претстави кои го одбележале неговото 40 годишно творештво.
„Работата на оперската претстава Цигански барон остави несекојдневни сеќавања во мојата кариера.Кога се спушти завесата имаше критики во стилот, ова беше навистина за око многу убаво , што ја воздигна мојата работа. Таа вечер со претствата натапивме на Мајски оперски вечери и публиката ме довикуваше и враќаше на сецена неколку пати, беше навистина посебно чувство“, изјави сценографот Живојин Трајановиќ.
По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Белград, отсек историја на уметност, а потоа и на Академијата за применета уметност во Софија започнува со работа.
Трајановиќ, речиси целиот работен век го поминал работејќи како сценограф во Македонската опера и балет. Но, исто така работел и на бројни културни манифестации и телевизиски проекти.
„Очигледно е дека има ангажиран однос,творечки однос, креативен, она што подразбира многу работа,вложување на знаења, практични и естетски“, вели критичарот и професор по современа уметност, Владимир Величковски.
Авторот со своите сценографски трудови учествувал на бројни државни и меѓународни изложби.
Изложбената поставка од 4 децениското творештво на авторот е подржана од Дирекцијата за култура.
Габриела Димковиќ
