Пелагониски регион

Формирање на прва Младинска земјоделска задруга

16.05.2026 12:41

Младите се заинтересирани, има законски можности Македонија да ја добие првата младинска земјоделска задруга во пелагониско. Анализите и обуките покажаа одредени области на интерес на младите...

Компостирање, калифорниски црви, коприва, пепел, преработка на отпадно масло. Ова се дел од идеите на младите кои сакаат да ги развиваат во свои бизниси и да пристапат кон младинско земјоделско задругарство.

Македонија има можности да изнедри прва младинска земјоделска задруга. Предвидено е да се формира една младинска земјоделска задруга во Пелагонискиот регион и тоа, во општините Долнени и Крушево.

Во овој момент се разработуваат подготовките.

Елизабета Митреска