Крушево

Две нови параглајдерски полетувалишта во Крушево

17.05.2026 12:55

За време на оваа летна параглајдерска сезона, историско и туристичко Крушево ќе добие уште две полетувалишта за светските параглајдеристи преку новиот проект за прекугранична соработка со Албанија. Параглајдеристите веќе ги очекува кон крајот на овој месец, а во август се европските и светски првенства...

Крушево го заврши проектот за прекугранична соработка со Елбасан, Албанија и го модернизираше полетувалиштето кај Мечкин Камен. Сега ќе добие уште 2.000 метри квадратни полетувалиште кај Црн Врв за да одговори на барањата на светските параглајдеристи.

Проектот вреден 830.000 евра преку Европската унија го зголемува туристичкиот потенцијал на Крушево кое работи на инфраструктурата.

Крушево е посакувана летна дестинација.

 

Елизабета Митреска