Хуманитерен мото-хепенинг за машкото здравје
Елеганција на две тркала – над 250 дотерани моторџии дефилираа низ улиците на Скопје по 11-ти пат, за да ја подигнат свеста за машкото здравје. Се собираа и пари за борбата против рак на простата. Станува збор за глобална иницијатива, преку која се праќа порака дека грижата за здравјето не е слабост, туку одговорност...

Заборавете на лошите моторџиите од филмовите оти овие џентлмениве пленат со елеганција и многу емпатија. Тука се за да покажат убави манири и да порачаат-грижа мора да има за машкото здравје.
Се донира за борбата против болестите кај машката популација исто како и во целиот свет. На нивните напори им се придружуваат и припадничките на понежниот пол. Секоја во своја улога.
11 години уникатност и неповторливост на сензација која цели да стане уште помасовна, велат организаторите.
Здравјето пред сè порачува првиот човек на здравствениот дом на железничарите, инаку партнер на движењето.
А во Градскиот парк пасијата на вљубените во мотоциклите и модата ќе продолжи да се мобилизира против машките болести пред сè ракот на простатата.
Фиљана Кока
