Новите турски инвестиции ќе отворат најмалку 700 работни места

20.09.2014 16:21

Посетата на Турција беше една од поуспешните роуд-шоуа што ги реализира Владата, оцени денеска премиерот Никола Груевски. По остварените средби, разговори и промоции, пет компании, за изградба на земјоделско-дистрибутивен центар, за изработка на пластика, за мермерни производи,  за различни видови амбалажи и за медицинска опрема, објавија влез во Македонија. Тоа би значело вкупна почетна инвестиција од 23 милиони евра и вработување на минимум 700 лица.
 
Презентациите или како што се нарекуваат роуд-шоуа, во Турција беа едни од поуспешните кои досега сме ги имале, односно со првично брзи резултати кај некои од инвеститорите, невообичаено брзи. Имавме не само во пет града презентации, туку и поединечни разговори во секој од тие градови со најмалку 10-ина, а некаде и 15 врвни компании кои изразија интерес за поединечни разговори за да одат во детали поврзани со нивните бизнис-идеи и да прашуваат што се произведува во Македонија и слично, изјави Груевски по пуштањето во употреба на повеќенаменско игралиште и реконструираното подрачно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.