Собрание

Нова пленарка денеска во Собрание

18.05.2026 08:33

На собраниската седница, една од точките на дневен ред и предлог-законот за владата, по скратена постапка, поднесен од СДСМ...

На собраниската седница, една од точките на дневен ред и предлог-законот за владата, по скратена постапка, поднесен од СДСМ. Се бара забраната за двојно државјанство да важи и за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш.

Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за изменување и дополнување на законот за пратеници, со кој се воведува дополнителен услов, народен избраник да стане само лице со исклучиво македонско државјанство.

Сепак, според предложеното решение, измените би важеле дури од следниот парламентарен состав, а не за актуелните пратеници. Претходно, првите два часа ќе бидат посветени на пратенички прашања на опозицијата.