Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

18.05.2026 08:03

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.