Трамп со предупредување до Иран
Американскиот претседател го предупреди Иран дека часовникот отчукува, откако неколку дена разговорите за завршување на војната се во застој...

Американскиот претседател го предупреди Иран дека часовникот отчукува, откако неколку дена разговорите за завршување на војната се во застој. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека САД не успеале да направат никакви конкретни отстапки во својот одговор на најновите предлози на Техеран за прекин на конфликтот.
Барањата на Исламската Република вклучувале итен крај на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема понатамошни напади врз Иран.
„Мислам дека не можете да добиете прецизен одговор од Иран затоа што не можат да бидат прецизни. Мислам дека сега се толку неуредни, ослабени. Се согласуваат со некои работи, а следниот ден се повлекуваат. Претседателот Трамп е многу фрустриран. Па што да се прави следно? Мислам дека ќе биде многу тешко да се постигне договор со сегашниот режим“, изјави сенатор Линдзи Греам, републиканец.
Претседателот претходно предупреди дека примирјето виси на конец откако ги отфрли барањата на Техеран, нарекувајќи ги тотално неприфатливи. Претседателот на иранскиот парламент, се сретна со пакистанскиот министер за внатрешни работи, во Техеран во време кога Ислажабад сè уште се обидува да олесни понатамошни преговори меѓу Иран и САД.
