Нема повеќе контрола на цената на горивата во Хрватска

23.12.2013 12:19

Горивата во Хрватска на полноќ ќе поевтинат, а тоа ќе биде последен пат да дојде до контролирана двонеделна корекција на цената на нафтените деривати.

Горивата во Хрватска на полноќ ќе поевтинат, а тоа ќе биде последен пат да дојде до контролирана двонеделна корекција на цената на нафтените деривати.

Најпродаваниот бензин во Хрватска, eуросупер 95, ќе поевтини и ќе чини 1,33 евра, додека еуродизелот според најновата промена ќе чини 1,28 евра.

Правилникот за утврдување на највисоките малопродажни цени на дериватите  ќе биде укинат, а од први јануари нафтените компании сами ќе решваат за цените, без какви било ограничувања од Владата.