Хамилтон најбрз под рефлекторите на Марина Беј
И на исток ништо ново.По најбрзата патека во Монца и на најбавната во календарот Марина Беј продолжува доминацијата на сребрените стрели. Одново двоецот на Мерцедес со 1-2 на старот откако во денешните квалификации Луис Хамилтон и покрај грешката во брзиот завршен круг за 7 илјадити делови од секундата беше побрз од клупскиот колега Нико Росберг.

И на исток ништо ново.По најбрзата патека во Монца и на најбавната во календарот Марина Беј продолжува доминацијата на сребрените стрели. Одново двоецот на Мерцедес со 1-2 на старот откако во денешните квалификации Луис Хамилтон и покрај грешката во брзиот завршен круг за 7 илјадити делови од секундата беше побрз од клупскиот колега Нико Росберг. 6-та пол позиција за Хамилтон сезонава,37-ма во кариерата као најава за возбудлива трка особено што кулминира ривалитетот во Мерцедес, а веднаш зад нив во втората линија на стартот ќе бидат се побрзите болиди на Ред Бул со Рикардо на третата и Фетел на 4-тата позиција со времиња во 2 десетинки зад најбрзиот во квалификациите.
Во третиот ред на чистата страна на патеката ќе биде Фернадо Алонсо со Ферари, до него донеодамнешниот клубски колега Фелипе Маса сега во болидот на Вилијамс, а проблемите со моторот во последните секунди од квалификациите го оддалечија Кими Раиконен од подобра позиција, но ќе напаѓа од 7-та. Меѓу првите десет на стартот во релативно мирната, но исклучитално возбудлива во завршницата квалификациска сесија место обезбедија и Ботас,Магнусен и Квјат.
Спектакуларната ноќна трка за големата награда на Сингапур ќе се вози утре од 14 часот, а 5 минути порано ќе почне и преносот на првиот програмски сервис на МРТ.
