Разговорите за крај на војната на Блискиот Исток во ќор-сокак
Блискиот Исток не мирува. Шефот на Белата куќа со нови закани кон властите во Техеран. Иранските медиуми објавија дека САД не успеале да направат никакви конкретни отстапки во својот одговор на најновите предлози за прекин на конфликтот. Иранците се жалат за лошата економска состојба. Масовни отпуштања низ земјата во последните недели.

Разговорите за завршување на војната на Блискиот Исток во застој. Американскиот претседател со ново предупредување до Иран, времето е од суштинско значење, часовникот отчукува и мора да реагираат брзо, во спротивно нема да остане ништо од нив. Израел ја зголеми воената готовност поради стравувања од нова ескалација со Иран и е подготвен да се приклучи на евентуални американски напади, објавија израелските медиуми.
„Мислам дека не можете да добиете прецизен одговор од Иран затоа што не можат да бидат прецизни. Мислам дека сега се толку неуредни, ослабени. Се согласуваат со некои работи, а следниот ден се повлекуваат. Претседателот Трамп е многу фрустриран. Па што да се прави следно? Мислам дека ќе биде многу тешко да се постигне договор со сегашниот режим“, изјави сенатор Линдзи Греам, републиканец.
Медиумите во Иран пак, објавија дека САД не успеале да направат никакви конкретни отстапки во својот одговор на најновите предлози на Техеран за прекин на конфликтот. Претседателот на иранскиот парламент, се сретна со пакистанскиот министер за внатрешни работи, во време кога Исламабад сè уште се обидува да олесни понатамошни преговори меѓу Иран и САД. Ормускиот теснец останува блокиран, додека земјите од Персискиот Залив и натаму се во вонредна состојба. Иранците пак, се жалат за лошата економска состојба. Масовни отпуштања се случија низ земјата во последните недели.
„Освен стресот предизвикан од војната и проблемите што ги создаде во семејството, има проблеми со паричниот тек. Многу од чековите што ги добивме од нашите клиенти беа одбиени од банката“, вели Реза Хосеини, производител и сопственик.
„Во иста ситуација сме како и сите други, се е скапо. Инфлацијата расте уште побрзо од минатата година. Цените се дуплираа или тројно се зголемија“, вели Абас Солги, сопственик на печатница.
И дека меѓународната заедница бара траен мир, а не кревко примирје во регионот на Блискиот исток, Израел потврди дека ликвидирале командант на Хамас. Голем дел од Газа останува опустошен, со раселено население, а од време на време се бележат напади и покрај мировниот договор од октомври. Израел и Либан пак, се согласија да го продолжат прекинот на огнот за 45 дена.
Маријана Димовска
