МВР

МВР: Изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

18.05.2026 15:07

Како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило се 34 лица, од кои девет за возење под дејство на алкохол, 24 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 23 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 164 прекршоци за неправилно паркирање, како и 29 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 107 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и пет пешаци. Исто така санкционирани се 99 учесници во сообраќајот коишто не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 15 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.