Успешна бизнис турнеја низ Турција- доаѓаат минимум пет инвеститори!
Менаџерите на турските фирми посочија дека Македонија е изборот бидејќи тука има најдобри услови за почнување бизнис...

Охи-груп, Смирна-парс, Мач-груп, Демпо, Про-лајн, се дел од компаниите кои по неколкудневното владино роуд-шоу, објавија свои инвестиции во Македонија. И компанијата Истем-Медикал најави скоро отпочнување со градба на фабрика. Менаџерите на турските фирми посочија дека Македонија е изборот бидејќи тука има најдобри услови за почнување бизнис. Ќе се градат фабрики за мермер и за амбалажа, ќе се инвестира во земјоделскиот сектор, во производство на медицинска опрема ,ќе се градат хотели.
„По мојата прва посета одлучивме да инвестираме во Македонија. За неколку месеци одлучивме да започнеме со изградбата на нашата фабрика и со нас сакаат инвестираат уште пет други пријатели- инвеститори. Првата инвестиција размилсуваме да биде три милиони евра и да обезбеди 50 вработувања, а останатите мои бизнис партнери се од различни сектории и се во фаза на подготовка на свој проект“, изјави Алтан Кургелич, сопственик на „Про Лајн“ од Труција.
Посетата на Турција и одржувањето на пет бизнис форум во различни градови даде повеќе од успешни резултати,оценува премиерот Груевски.Вели дека голем дел од компаниите го скенираат теренот , бараат бизнис партнери , и очекува наскоро одлука тие да отворат капацитети.
„Само овие пет компании кои што објавија дека ќе инвестираат во Македонија, за почеток би вработиле минимум 700 лица и би имале почетна инвестиција од 23 милиони евра. Ако и останатите компании одлучат да вложат кај нас, неколку кратно ќе се зголеми, значи ќе стане збор за неколку илјади вработувања и за десетици милиони евра инвестиции“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Тав, Халк банка, Аџибадем, Суташ, Коч, Џеваир-холдинг, Лимак, се дел од турските компании кои веќе се присутни во земјава. Инвестициите од оваа држава достигнаа 44 милиони евра, а Турција е меѓу 10-те најзначајни трговски партнери на Македонија.
Милчо Велески
