Цариници краделе и продавале луксузна привремено одземена стока

20.09.2014 18:04

аководители, цариници, ама и двајца помагачи од надвор се офајдиле за 26 илјади евра. Еден од нив службеник во Агенцијата за вработување, другиот сопственик на продавница за мобилни телефони. Оперирале две години...

Влегувале во магацинот на царинската испостава на скопскиот аеродром и си земале од привремено одземената стока.  Со мобилни телефони, парфеми, рачни часовници, златен накит, текстилна и техничка стока, патики. Раководители, цариници, ама и двајца помагачи од надвор се офајдиле за 26 илјади евра. Еден од нив службеник во Агенцијата за вработување, другиот сопственик на продавница за мобилни телефони. Оперирале две години.

„Дел од предметите, како рачните часовници, парфемите, накитот, ги користеле за себе, а дел од предметите ги продавале. Во текот на истрагата извршени се претреси во домовите на осомничените. Кај некои од нив се пронајдени предмети коишто беа предмет на истрагата и ќе се користат како докази во понатамошната постапка“, изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.

Дека стоката од магацините ја снемува или се заменува со копии открило одделението за внатрешна истрага при направените контролите во минатиот период. Вработените во Царината потоа биле пријавени. Сите 6-мина беа пред надлежен судија и кажале дека ги одземале или ги заменувале предметите. Распрашани се и граѓани кај кои биле пронајдени дел од предметите. Сведочеле дека ги купиле преку оглас на интернет сајт или во продавницата на еден од осомничените.

На приведените не им е изречена мерка притвор,  туку алтернативни мерки. Одземени им се патните исправи и треба редовно да се јавуваат .

Дали осомничените оперирале и претходно, велат од МВР, ќе покаже истрагата.

 

Фиљана Кока