Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

19.05.2026 08:06

Локално ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, пообилен во западните и јужните делови (над 20 l/m2), грмежи и засилен северозападен ветер..

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, пообилен во западните и јужните делови (над 20 l/m2), грмежи и засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.