БЛИСКИ ИСТОК

САД го откажаа планираниот напад врз Иран

19.05.2026 09:23

Соопштението доаѓа еден ден откако Трамп го предупреди Техеран дека часовникот отчукува за постигнување договор.

САД го одложуваат планираниот воен напад врз Иран, на барање на неколку сојузници на Блискиот Исток, во тек се сериозни преговори, објави шефот на Белата Куќа. Соопштението доаѓа еден ден откако Трамп го предупреди Техеран дека часовникот отчукува за постигнување договор.

„Ме прашаа Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и некои други дали можеме да го одложиме нападот за два или три дена, краток временски период, бидејќи мислат дека се многу блиску до склучување договор. И ако можеме да го направиме тоа каде што нема нуклеарното оружје да оди во рацете на Иран, мислам дека и ако се задоволни, веројатно и ние ќе бидеме задоволни. Тоа е многу позитивен развој на настаните, но ќе видиме дали ќе доведе до нешто. Имавме периоди кога мислевме дека сме блиску до склучување договор и не успеа. Но, сега е малку поинакво“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Вчера, Иран соопшти дека одговорил на најновиот предлог на САД и дека размените на предлози со Вашингтон продолжуваат преку пакистански посредници.