СЗО: Над сто смртни случаи од вирусот ебола
Епидемијата предизвикана од вирусот бундибугио, ретка варијанта на ебола, досега резултираше со речиси 500 сомнителни случаи и над сто смртни случаи низ неколку региони во Конго и во Уганда.

Обединетите нации продолжуваат тесно да соработуваат со здравствените службеници откако во неделата беше прогласена епидемија на ебола и вонредна меѓународна состојба. Епидемијата предизвикана од вирусот бундибугио, ретка варијанта на ебола, досега резултираше со речиси 500 сомнителни случаи и над сто смртни случаи низ неколку региони во Конго и во Уганда.
Тестирањето на сомнителните случаи е во тек. Случај беше потврден вчера и во Гома во покраината Северен Киву, што предизвика загриженост за потенцијално ширење во густо населена урбана област.
„Ние, заедно со хуманитарните партнери, го поддржуваме одговорот на владата против еболата. СЗО ги поддржува националните напори, меѓу другото, преку распоредување на техничка експертиза и тимови за брз одговор. Вчера, повеќе од пет тони медицински материјали на СЗО, заедно со експерти, беа доставени со авион во Итури од страна на Светската програма за храна, за да се зајакнат напорите за одговор“, изјави Фархан Хак, портпарол на ООН.
С3О предупреди дека вистинскиот број на заразени и географското ширење на заразата сè уште не се јасни. Постои можност бројките да бидат поголеми од официјално регистрираните.
