Крстевска: Финансиската писменост е клучна за носење паметни одлуки
Финансиската едукација е неопходна за правилно управување со личните финансии, особено во време на брза дигитализација и сѐ поголем избор на финансиски услуги и инвестиции, истакна главната економистка на Народна банка, Анета Крстевска, во интервју за „Македонско радио“.

Главната економистка на Народна банка, Анета Крстевска, оцени дека финансиската писменост претставува основа за носење информирани и паметни финансиски одлуки.
Во интервју за „Македонско радио“, Крстевска истакна дека секој човек има потреба од финансиска едукација, преку стекнување знаења, правилни ставови и однесување, со цел соодветно управување со личните финансии.
Според неа, современиот финансиски систем нуди различни можности за инвестирање и управување со средствата, што ја наметнува потребата од постојано учење, информирање и надградување на финансиските знаења.
Крстевска посочи дека со засилените барања на Народна банка за правичен и транспарентен однос од страна на банките, граѓаните денес имаат подобар увид во условите за кредитите и финансиските услуги.
Сепак, таа нагласи дека брзите промени и дигитализацијата на финансиските услуги дополнително ја истакнуваат потребата од континуирана финансиска едукација на населението.
„Финансиски информиран граѓанин носи подобри одлуки, гради поголема сигурност и создава постабилна иднина“, порача Крстевска.
