Информациите за остварениот стаж и придонеси поблиску до граѓаните

20.09.2014 18:26

До крајот на 2015 година Министерството ќе воведе електоронски систем преку кој граѓаните на поедноставен и побрз начин ке мозат да бидат во тек со уплатата на пензиското осигурување...

Преку проектот на Министерството за труд и социјална политика „Ден за Вас“ граѓаните на непосреден начин на пунктови на плоштадите во повеќе градови ќе можат да се информираат за остварениот стаж, платените придонеси и основицата за пензионирање.

„Фондот за пензиско и инвалидско осигурување веќе од следанта година ќе започне со системско известување, доставување на соодветни информации до работодавачите за секој нивни вработен за периодот на нивното осигурување, при што работодавачите согласно со законот се задолжени истите да ги дистрибуираат до работниците“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

До крајот на 2015 година Министерството ќе воведе електоронски систем преку кој граѓаните на поедноставен и побрз начин ке мозат да бидат во тек со уплатата на пензиското осигурување.

„Фондот ќе учествува со неколку филијали започнувајќи од Скопје, Куманово, Штип и Гостивар, овој проект ќе се реализира и до година, со други филијали и други градови“, рече Ахмет Даути в.д  директор на Фондот на ПИОМ.

Двете компании кои управуваат со парите на граѓаните во вториот задолжителен столб лани оствариле солиден профит – КБ Прво пензиско друштво има профит од 42 отсто од приходот, а добивката на НЛБ Нов пензиски фонд е 36 отсто од вкупните приходи информираат од МАПАС – Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување.

Билјана Јанакиеска