Ракомет-СЕХА Лига

Ослабениот Металург декласиран од Веспрем

20.09.2014 18:28

Само 15 минути траеше неизвесноста, иако и во тој период Металург речиси без борба и одбрана се предаде и со само едно изедначување и пет постигнати гола, половина помалку од ривалот, ја најави немоќта во овој дуел...

И Металург како и Вардар пред седум дена ја почуствува силата на унгарскиот шампион Веспрем во Сеха лигата.Ослабените металурзи се поразени со 33-21, нешто поубедливо од вардарци кои во арената „Веспрем“ примија два гола помалку а постигнаа два повеќе.

Лино Червар на тешкото гостување во Унгарија отпатува со осетно ослабена екипа  без Вугринец, Мојсоски, Димовски, Станиќ, Јоновски, Велко и Никола Маркоски, кои треба да бидат максимално подготвени за ПСЖ кој идниот викенд доаѓа во Скопје на отворањето на новата сезона во ЛШ.

Само 15 минути траеше неизвесноста, иако и во тој период Металург речиси без борба и одбрана се предаде и со само едно изедначување и пет постигнати гола, половина помалку од ривалот, ја најави немоќта во овој дуел.

И шестата последовна победа во оваа конкуренција Унгарците ја остварија супериорно со леснотија во играта и со одлично дозираниот ритам, подеднакво висок и во нападот и во одбраната.

Со плус 18-10 заминаа на полувреме, константно ја зголемуваа разликата до плус 14 и седум минути ја забавуваа публиката до крајот, препуштајки му на Металург два гола повеќе за попристоен пораз.

Маргуч со 7 и Цајц со еден гол помалку се истакнаа кај Веспрем, Циндрич со шест гола беше единствената светла точка во Металург.