МЗТ го купи Овен Класен
Слично на нашите ракометни миленици Вардар и Металург, и тимот на МЗТ Скопје сака да ги задржи високите позиции во регионалната конкуренција. Македонскиот кошаркарски првак го заокружи составот во пресрет на новата сезона во АБА лигата, со ангажманот на Овен Класен.

Канадскиот интернационалец настапува на позицијата крилен центар и треба да ја пополни празнината по заминувањето на проблематичниот Американец Милтон Џенингс. Летово Класен доби повик за настап во канадската репрезентација на неколку пријателски мечеви. Неговиот ангажман во МЗТ Скопје ќе му биде прв во Европа.