Вардар подобар од Работнички, Турново триумфално во Тетово
На фудбалски план, во овој период од годината, сме на домашен терен. Вардар го доби локалното дерби со Работнички со 2-0 со головите на Петковски и на Таневски, а значајни три бода освои и Турново на гостувањето во Тетово кај Ренова. Најденов, Кочовски и Вареловски погодија за 3-2 за Турново, кој речиси половина час играше со двајца фудбалери помалку на теренот.

Пред крајот на првото полувреме црвен картон доби Стојчевски, а во 64-тата минута исклучен беше и Најденов. Сепак, и покрај тоа головите на Бујчевски и на Рамадани не беа доволни ниту за реми на Ренова. Во утрешните три средби од осмото коло во Првата фудбалска лига на Македонија, Пелистер ќе ја пречека Шкендија, Силекс ќе се надигрува со Брегалница, а Тетекс со Металург.