Земјите членки постигнаа договор за спроведување на трговскиот пакт ЕУ – САД
Договорот доаѓа по предупредувањата на Трамп за нови царини доколку не биде одобрен до 4 јули, а формално треба да биде потврден во средината на јуни...

Европратениците и земјите членки постигнаа договор за спроведување на трговскиот пакт ЕУ – САД по повеќе од пет часа преговори. Договорот доаѓа по предупредувањата на Трамп за нови царини доколку не биде одобрен до 4 јули, а формално треба да биде потврден во средината на јуни.
Договорот треба формално да биде потврден од Европскиот парламент и Советот на ЕУ во средината на јуни.
„Ова беше интензивна ноќ. Поминавме повеќе од пет часа во преговори, но завршивме со позитивен исход. ЕУ уште еднаш покажа дека е сигурен трговски партнер. Откако ќе биде одобрен, овој договор ќе ја зајакне стабилноста во трговијата ЕУ – САД и ќе отвори простор за поширока соработка по стратешки прашања“, изјави Мароош Шефчович – еврокомесар за трговија и економска безбедност.
