Влада: Решението за полагањето правосуден испит ќе биде испратено во Венецијанската комисија
Решението со кое треба да се надминат причините за протестите на албанските студенти кои бараат правосудниот испит да се полага и на албански јазик ќе биде испратено во Венецијанската комисија. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на прозивките на ДУИ вели дека го решаваат наследениот проблем на оние кои имале 20 години да најдат решение, а не го направиле тоа...

Демократско право на секој граѓанин е да протестира, но она што го осудувам е тоа што студентите правници прекршија неколку закони, рече премиерот Мицкоски за протестите одржани во Скопје пред два дена.
Владата со трајно решение за барањето на студентите правосудниот испит да се полага и на албански јазик, Законот ќе биде испратен и до Венецијанската комисија, најави премиерот Мицкоски. Тој не сакаше да ги коментира навредите и инцидентите на протестот и обидите, за како што вели мешање во внатрешните работи на земјата, но со остра осуда за однесувањето на опозициската ДУИ. Според Мицкоски тие имале 20 години да ги решаваат проблемите, наместо тоа одлучиле да се богатат.
Албански медиуми претходно објавија дека амбасадорот на Албанија во земјава Мејдани би можел да биде отповикан. Причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство во владејачката коалиција поради ставовите на Мејдани во дебатите околу прашањето со употребата на албанскиот јазик во Македонија. Биљал Касами открива оти владата не побарала отповикување на амбасадорот на Албанија во земјава иако упати критика за неговата работа.
Пред два дена се одржа вториот протест со барање, правосудниот испит да се полага и на албански јазик. Неколку часа пред почетокот, во Владата премиерот Мицкоски и копретседателите на ВРЕДИ, Касами и Меџити соопштија дека постигнале Предлог-решение за ова прашање.
Викторија Милевска
