Европска комисија
65,7 милиони евра од Планот за раст за Македонија
20.05.2026 17:11
Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст, највисок износ во регионот во споредба со одобрените пари за Албанија и за Црна Гора...

Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст, највисок износ во регионот во споредба со одобрените пари за Албанија и за Црна Гора. „Ова е потврда за посветеноста на владата кон реформите и исполнувањето на обврските, како и признание за институционалниот капацитет“, вели министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.
Известува Александра Велинова
