Инфраструктура

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе го завршиме во рокот

21.05.2026 11:14

Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и завршен и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, изјави вицепремиерот на

Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и завршен и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за национална телевизија.

„Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат. Имаше бројни проблеми, реков ќе зборувам за проблемите кога ќе го завршиме. Сега се решени проблемите и најважно е што ова е првата Влада која се посветни на овој проект. Мислам дека прашањето не е само математичко туку е филозофско, често и јас говорам дека овој автопат се гради 12 години, но во суштина не се гради повеќе од 2 години, ако сакаме да бидеме реални“-нагласи Николоски.