Гаши ја закажа Комисијата за финансирање и буџет
Гаши за 11 часот го закажа продолжението на Комисијата за финансирање и буџет. Пред два дена претседателката на комисијата, Сања Лукаревска од СДСМ, ја прекина расправата...

Спикерот Гаши за 11 часот го закажа продолжението на Комисијата за финансирање и буџет. Пред два дена претседателката на комисијата, Сања Лукаревска од СДСМ, ја прекина расправата откако власта и опозицијата се скараа за новиот заем и фискалната стратегија.
Меѓусебно се обвинуваа за тоа, кој бега од дебата во Собранието, за која точка треба прво да се разговара, но, и за тоа дали има просторни услови во салата. ВМРО-ДПМНЕ достави писмо до Гаши и до Лукаревска за деблокада на матичната комисија и да почне расправата за новото задолжување од 260 милиони евра.
Според партијата, СДСМ го држи Собранието во заложништво. Од опозициската партија бараат отчет за што ќе се користи заемот.
