Се шири еболата во Конго, расте бројот на смртни случаи
СЗО предупредува на можност за понатамошно ширење на вирусот во регионот. Шестмина американски државјани кои биле изложени на висок ризик од вирусот ебола се префрлаат од Конго во Германија и Чешка.

Велика Британија одобри 20 милиони фунти помош за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго. Според најновите податоци, во Конго се регистрирани околу 600 сомнителни и 139 смртни случаи.
СЗО предупредува на можност за понатамошно ширење на вирусот во регионот. Шестмина американски државјани кои биле изложени на висок ризик од вирусот ебола се префрлаат од Конго во Германија и Чешка.
Чешкиот министер за здравство, изјави дека Американецот што пристигна кај нив е лекар и не претставува здравствен ризик за јавноста.
Сè уште не е јасно дали мажот се заразил со ебола бидејќи нема симптоми. Доколку се појават симптоми, Чешка ќе ги испрати примероци во специјализирана лабораторија во Берлин, која треба да постави дијагнозата во рок од неколку часа.
