Собраниска дебата за геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликациите за Западен Балкан
„Процесот на проширување трае премногу долго“, предупреди германскиот канцелар Мерц, кој во писмо до лидерите на институциите во Брисел вели дека тоа создава фрустрации. Предлага придружно членство за Украина и статус на привилегиран набљудувач за Западен Балкан. Денеска, за геополитичката димензија на проширувањето и за импликациите за Западен Балкан се разговараше и во Собранието...

Повластен набљудувачки статус за Западен Балкан, учество на состаноци Европската комисија и парламент за регионот, предлага со писмо до европските лидери германскиот канцелар Мерц. Повика веднаш безусловно да се отворат сите поглавја. Заедно со Италија, Словенија, Словачка, Чешка и Австрија и интеграција во европскиот заеднички пазар. Овие решенија не се замена за полноправно членство, посочи претседателот на Комисијата за европски прашања, Милошоски.
Не смее да се изгуби моментумот за проширување, оти нема да влеземе ниту во планирањето на идниот европски буџет, предупреди претседателот на националниот совет за евроинтеграции Филипче. Повика да се спроведат уставните измени.
Македонија знае да направи тешки одлуки за постигнување на стратешки цели, но и ЕУ мора да испорача, посочи заменик-министерката за европски прашања Трајков.
Ново проширување ќе има до 2030-та, но ЕУ мора да се подготви за нови членки, порача експертот и поранешен хрватски главен преговарач Дробњак.
Во време на сериозни предизвици, проширувањето на ЕУ станува геостратешко за стабилноста и безбедноста на Европа, порача учесниците од панелот во Собранието.
Ирина Гелевска
