Скопската чаршија- спој на бизнисот и задоволството
Скопската чаршија со децении го спојува бизнисот и задоволството. На денешната манифестација „Чаршијата и пријателите“ е испратена порака за зачувување на вредностите преку соработка, заедничко делување и максимална деполитизација.
Пријатно е чувството кога по долго време таа го зазема приматот на монденско место за живеење и организирање културни настани. И ние, претприемачите, сакаме да дадеме придонес, рече претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски.

Неговиот колега од Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи, напомена дека чаршијата е наследство што мора да се зачува, бисер на државата и на регионот, кој зборува многу повеќе од кое било чепкање по минатото.