Истрага за убиство во село Копаница, скопско
Обвинителството и полицијата извршиле увид каде било пронајдено тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата. Телото е дадено на обдукција, а паралелно се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот.

Жена со прострелна рана во главата пронајдена во селото Копаница, скопско. Сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија.
Обвинителството и полицијата извршиле увид каде било пронајдено тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата. Телото е дадено на обдукција, а паралелно се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот.
Сопругот веднаш бил обезбеден, а обвинителството покрена истражна постапка против него за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
По предлог на обвинителството, судот му определи притвор.
