Груевски: Псалтиров ги исполнува критериумите за амбасадор

20.09.2014 17:41

Премиерот Никола Груевски ги коментира реакциите во дел од јавноста поврзани со назначениот амбасадор во Казахстан, Илија Псалтиров. Ги оцени како неоправдани.

Премиерот Никола Груевски ги коментира реакциите во дел од јавноста поврзани со назначениот амбасадор во Казахстан, Илија Псалтиров. Ги оцени како неоправдани.

Илија Псалтиров не го праќаме за амбасадор во Казахстан затоа што кога бил на 16 или 17 години бил пејач, туку затоа што е доктор на науки по економија, има завршено на најсилните школи во Европа и магистратура и специјалистички студии. Има одлично работно искуство  и во банкарството и во консултантските води и на проекти на ОН и конечно повеќе од една година работи на многу значајни проекти во МНР, рече Груевски.